Договори за соработка меѓу парискиот институт „Свети Сергеј“ и романските православни факултети
 
 
 
 
 

Договори за соработка меѓу парискиот институт „Свети Сергеј“ и романските православни факултети (02.06.2007)

Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Сергеј“ во Париз, архимандрит Јов (Геча), и професорот Стефан Мунтеану ја посетија Романија од 20 до 26 мај оваа година и се сретнаа со управите на православните богословски факултети и универзитети во Клуж-Напока, Алба Јулија и Јаши. Целта на посетата беше зајакнување на соработката меѓу парискиот институт и романските богословски факултети. По тој повод претставниците на „Свети Сергеј“ потпишаа договор за соработка со своите романски колеги, во кој се одредени рамките за размена на информации, документации и научни публикации, за подобрување на истражувачките и образовните програми, за размена на пост-дипломци и на професори, подготовка на заеднички докторски програми, учество во општи научни и меѓународни проекти, организирање на работни средби, семинари и курсови по православно богословие. Претставниците на Инстиутот „Свети Сергеј“ беа примени од повеќе архиереи на Романската Православна Црква.

 

известува: Православие.бг