Митрополитот Кирил од Бугарската Православна Црква доби диплома за академик
 
 
 
 
 

Митрополитот Кирил од Бугарската Православна Црква доби диплома за академик (07.06.2007)

На 1 јуни 2007 година, Неговата Еминенција генералниот конзул на Руската Федерација во градот Варна, г. Анатолиј Шчелкунов, му врачи на Варненскиот и Великопреславски митрополит Кирил високо одликување – диплома за Академик на Руската Академија за проблемите од областа на безбедноста, одбраната и законскиот поредок.

Врачувањето на дипломата се случи во рамките на празничен концерт во Фестивалскиот и Конгресен центар на Варна, одржан од Бедрос Киркоров, познат исполнител на руски романси. Концертот беше посветен на 75-годишнината на овој пејач, како и на денот на детето – 1 јуни. По повод јубилејот, г. Киркоров доби од Неговото Високопреосвештенство Кирил подарок – икона на свети Прокопиј Варненски.

извор: Варненска и Великопреславска Митрополија