Исламскиот центар ќе му укаже помош на Синајскиот манастир (11.06.2007)
На 6 јуни 2007 година, игуменот на Синајскиот манастир на света Екатерина, Дамјан, кој е поглавар на најмалата православна архиепископија во светот, ги посети Обединетите арапски емирати. Во Дубаи беше примен во центарот за култура и наследство „Џума ал Маџид“, кој го носи името на својот основател – виден бизнисмен и филантроп. Маџид ветил дека финансиски ќе го помогне дигиталното копирање на бесценетите синајски ракописи кои ги има повеќе од 4000. Во замена, игуменот Дамјан рече дека ќе организира изложба на ракописите во ОАЕ.
известува: Pravoslavie.bg