Средбата меѓу поглаварите на Александриската и Грчката Црква е одложена заради ненадејната болест на архиепископот Христодул
 
 
 
 
 

Средбата меѓу поглаварите на Александриската и Грчката Црква е одложена заради ненадејната болест на архиепископот Христодул (12.06.2007)

Во саботата попладне, на 9 јуни, Грчкиот архиепископ Христодул бил прифатен во болницата Аретејон во Атина, заради остри болки во утробата. Дијагнозата сѐ уште не е поставена.

 

Поглаварот на Грчката Црква се почувствувал лошо дома, неколку часа пред заминувањето за Каиро, каде што требаше да се сретне со Александрискиот патријарх Игнатиј IV. Но, заради болките тој бил принуден да го одложи патувањето и да побара медицинска помош.

 

Лекарите сметаа за неопходно да го хоспитализираат архиепископот Христодул во болницата Аретејон со цел да се направи целосно испитување во амбулантни услови.

 

Извор: RNN