Повеќе од 90 илјади Руси во текот на 5 дена им се поклонија на моштите на светиот апостол и евангелист Лука
 
 
 
 
 

Повеќе од 90 илјади Руси во текот на 5 дена им се поклонија на моштите на светиот апостол и евангелист Лука (17.06.2007)

Од 9 до 13 јуни, во храмот на Христос Спасителот во Москва, повеќе од 90 илјади верници им се поклонија на моштите на светиот апостол и евангелист Лука. Иницијатор за донесување на светите мошти во Москва беше Фондот на свети Андреј Првоповиканиот. Како што забележаа во Фондот, верниците по 5-7 часа стојат во редица за да се поклонат на моштите. Некои застануваат во ред уште од 5 часот наутро. Во храмот исто така пристигнуваат со автобуси многубројни групи поклоници, меѓу кои и од манастирите. Чесната глава на апостолот беше донесена во централната соборна црква на Русија на 9 јуни вечерта од рускиот манастир на Свети Пантелејмон на Света Гора Атонска. Светињата за време на сеноќното бдение ја пресретнаа патријархот Руски и Московски Алексиј, неколку илјади верници и околу 40 архиереи на Руската Православна Црква, кои пристигнаа во главниот град за да учествуваат во празнувањето на 17-годишнината од интронизацијата на нивниот поглавар. Моштите на светиот апостол Лука ќе престојуваат во храмот на Христос Спасителот до 17 јуни. Потоа тие ќе бидат однесени во Санкт Петербург, па во Киев, Запорожје, Краснојарск, Кемерово, Барнаул, Волгоград, Елисту и најпосле во Минск, од каде на 12 јули светите мошти ќе бидат вратени повторно на Света Гора.

 

                              

 

извор: Патриархиа.ру