Бугарскиот патријарх Максим ќе освети нов храм во Ботевград
 
 
 
 
 

Бугарскиот патријарх Максим ќе освети нов храм во Ботевград (19.06.2007)

Скоро деноноќно се работи во новиот православен храм во Ботевград за да биде целосно готов до 23 јуни, кога ќе биде официјално отворен. Жителите на општина Ботевград веќе добија покани да присуствуваат на церемонијата. „Во изградбата на новиот храм се вложени над половина милион левови од сопствени средства на општината и десетици дарители. Жителите на ботевградската општина го заслужуваат овој духовен дом. Со задоволство ви го даруваме, бидејќи е направен со ваши пари, во годината во која влеговме во големото европско семејство“ – пишува во поканите.

 

Многу граѓани подготвија дарови за храмот – осветени икони, кандила од Божјиот Гроб и други вредни предмети. Локален бижутер подарил 150 црвени камчиња од чешки кристал, кои веќе се монтирани околу крстот во храмот. Меѓу дарителите е и ботевградскиот градоначалник Георги Георгиев.

 

За осветувањето на храмот на Успението на пресвета Богородица се очекува да пристигнат Неговата Светост патријархот максим и Ловчанскиот митрополит Гаврил, во чија епархија се наоѓа Ботевград.

 

Извор: bot.bg