Почина епископот Кирил (Јончев) од Американската Православна Црква (20.06.2007)
Во недела наутро, 17 јуни 2007 година, се упокои во Господ епископот Кирил, кој ја возглавуваше Бугарската епархија на Американската Православна Црква (ОСА). На 10 јуни епископот Кирил беше примен во болница во Питсбург, заради влошената здравствена состојба. Во саботата, 16 јуни, свештенослужители од неговата епархија се собраа во болницата за да ја извршат Светата Тајна Елеосвештение.
Поглаварот на Бугарската епархија на ОСА беше воздигнат во епископски чин во 1964 година. Бугарските заедници, кои наоѓаат под оваа јурисдикција, се претежно од државите Охајо, Западна Вирџинија и Пенсилванија. Последниве години во црковните средини се разгледуваше прашањето за евентуално враќање на овие бугарски општини под јурисдикција на Бугарската патријаршија. Историјата на нивното одделување е поврзана пред сè со обвиненија од страна на дел од бугарската имиграција во САД на сметка на црковното раководство од времето на комунистичкиот режим, за соработка со тогашните бугарски власти на штета на Црквата.