Православно мисионерско патување во Гватемала (20.06.2007)
За време на своето мисионерско патување во Гватемала, во парохијата на света Ксенија, во април оваа година, Епископот на Карлајл г. Димитриј крсти многу чеда Божји. Покрај служењето Божествена Литургија и други богослужби, Неговото Преосвештенство исто така многукратно изврши Света Тајна Венчание и Света Тајна Исповед. Еве што тој рече после своето мисионерско патување: „Господ покажа многу милост и им даде изобилна благодат на тамошните луѓе. Еден од многуте примери беше кога на едно малечко болно девојче нејзините родители и роднини му рекоа да не доаѓа во црква за крштевање туку да почека, тоа им одговори ‘ќе одам и ќе се исцелам’. И навистина се исцели при Крштевањето. Слава Му на Бога!“
Инаку, Епископот Димитриј е духовно чедо на светогорскиот старец Пантелејмон, кој пак беше духовно чедо на светиот старец Јосиф Исихастот, а сега е старец во манастирот на Светото Преображение во Бостон (под јурисдикција на Православната Црква во Северна Америка).
извор: http://picasaweb.google.com/OrthodoxPics/OrthodoxMissionaryTripToStXeniaSChurchInGuatemala