Медицинските испитувања покажаа сериозно заболување кај Грчкиот архиепископ Христодул (21.06.2007)
Лекарите од атинската болница „Аретиу“ ги објавија резултатите од испитувањата извршени над архиепископот Христодул, кои Грција со неспокојство ги очекуваше минатите денови. Лекарите ја опишаа состојбата на пациентот како „сериозна, но со можност да се подобри“. Архиепископот бил запознаен со својата здравствена состојба и посакал истото да им биде соопштено и на граѓаните. Во текот на минатата недела тој беше посетен во болницата од речиси сите грчки политичари, меѓу кои и од претседателот на Грција Каролос Папуљас, како и од Цариградскиот патријарх Вартоломеј, а прими и писма со изрази на поддршка од Ерусалимскиот, Антиохискиот и од Александрискиот патријарх, како и од Рускиот патријарх Алексиј II.
Да се помолиме сите за него.
редакцијата на сајтот на Македонската Православна Црква