Рилскиот манастир го отвора својот возобновен музеј
 
 
 
 
 

Рилскиот манастир го отвора својот возобновен музеј (22.06.2007)

На 23 јуни од 17,30 часот ќе започне свеченото отворање на обновениот црковно-историски музеј на Рилскиот манастир. Светиот синод на Бугарската Православна Црква ќе биде претставен од Неврокопскиот митрополит Натанаил.

Церемонијата на отворањето ќе започне со Водосвет.

Музејот беше реставриран во текот на осум месеци. Целосно беа сменети електричната, климатската и сигнално-безбедносната инсталација, како и осветлувањето, подот и витрините. Поставени се и камери за видео-набљудување. Ремонтот е извршен целосно со средства на Рилската света обител.

Експозицијата на музејот е проширена и подобрена. За првпат ќе бидат изложени уникатни црковни одежди и предмети. Голем дел од досегашните експонати се реставрирани и конзервирани. Меѓу нив се текст на глаголица од 12 век, турски султански фермани за признавање на сопственоста и привилегиите на манастирот, ракописи и старопечатни книги од 12 до 19 век, плаштаница – подарок од молдавскиот кнез Јоан Богдан Војвода од 1511 година, златоткаени плаштаници од 19 век, подарени од руски манастири и др.

 

извор: Pravoslavie.bg