Грузискиот Сојуз на православни родители протестира против реформите во образованието
 
 
 
 
 

Грузискиот Сојуз на православни родители протестира против реформите во образованието (23.06.2007)

На 20 јуни грузискиот Сојуз на православни родители организираше протестен од пред Министерството за образование во главниот град на Грузија, Тбилиси. Родителите протестираат против реформата во образовниот систем на земјата, кој тие го сметаат за неправославен.

Членовите на Сојузот изјавија дека службениците на Министерството ги малтретираат православните учители и ги принудуваат да предаваат непристојни работи во училиштата. „На педагозите коишто одбиваат да предаваат сексуално образование во училиштата, им се закануваат со отказ“, тврдат учесниците во протестите и настојуваат да се донесе закон за образованието со кој ќе се забрани непристојност, насилство, злоупотреба на дрога и заштита на децата од штетни информации. Родителите исто така изјавија дека реформата на образовниот систем ги нарушува човековите права бидејќи забранува веронаука како и уредување на православни катчиња со крстови и икони.

Учесниците во протесниот од се движеа од Министерството кон Државната канцеларија со плакати, икони и знамиња во рацете, кажувајќи гласно молитви.

извор: http://www.rustavi2.com/news/news_text.php?id_news=21406&im=main&ct=25