Свечености во Сан Франциско по повод празникот на свети Јован Шангајски Чудотворец
 
 
 
 
 

Свечености во Сан Франциско по повод празникот на свети Јован Шангајски Чудотворец (24.06.2007)

моштите на свети Јован ШангајскиВо соборниот храм на Пресвета Богородица „Радост на сите нажалени“ во Сан Франциско (Руска Задгранична Црква) ќе биде свечено прославен споменот на свети Јован Шангајски Чудотворец, кој оваа година се слави во сабота на 30 јуни.

Во четврток на 28 јуни, по Вечерната богослужба, ковчегот со моштите на свети Јован Шангајски ќе биде изнесен во средина на храмот и пред нив ќе биде отпеан акатист кон Светителот.

Сеноќното бдение (во петок на 28 јуни) и Божествената Литургија (30 јуни) ќе ги возглави митрополитот Источно-американски и Њујоршки Лавр, поглавар на Руската Православна Задгранична Црква, во сослужение со архипастири и клирици на Задграничната Црква. 

Во сабота, после Литургијата, ќе биде направен крстен од со молебно пеење кон свети Јован и осветување на нов дом за православни жители од позрела возраст (веднаш до соборниот храм), после што за свештенството и верниот народ ќе биде приредена братска трпеза.

Извор: Патриархиа.ру