Патријархот Теодор II се наоѓа во посета на Сирија (25.06.2007)
Архиепископот на Муса ал-Кури, викар на патријархот за Дамаск, го истакна значењето на посетата на патријархот Теодор II за православните во Сирија. Во изјава за еден сириски весник, архиепископот рече дека се работи за традиционална црковна посета која го одразува почитувањето на православната Александриска Патријаршија како и постоењето на верска толеранција во Сирија. За време на својот 5-дневен престој во Сирија, патријархот ќе посети цркви и манастири во повеќе градови во земјата.