Турција потврди дека не го признава вселенскиот статус на Вартоломеј
 
 
 
 
 

Турција потврди дека не го признава вселенскиот статус на Вартоломеј (26.06.2007)

Позицијата на Турција во врска со статусот на Цариградскиот патријарх останува неизменета и верна на ставовите од Лозанскиот мировен договор од 1923 година, изјави турскиот министер за внатрешни работи Абдулах Ѓул. Како одговор на прашањето од атинскиот весник „Катимерини“ за возможноста Турција да го признае „вселенскиот“ статус на Вартоломеј, Ѓул напомна дека според нормите на Лозанскиот договор на Цариградскиот патријарх му е позволено да престојува во Турција само за да се грижи за православните Грци кои живеат во Истанбул.

Тој исто така соопшти за намерите на турското Министерство да ја возобнови дејноста на грчката православна семинарија на островот Халки, затворена пред 1971 година. Пред да биде затворена оваа семинарија била единствената виша образовна институција на Патријаршијата.

„Во согласност со нормите на демократијата, Турција е ориентирана кон овозможување на сите видови права и слободи на сите свои граѓани независно од нивните религиозни и етнички корени“, изјави тој.

извор: Патриархиа.ру