Александрискиот патријарх Теодор II ја посети Антиохиската Православна Црква (27.06.2007)
Од 20 до 25 јуни поглаварот на Александриската Православна Црква Теодор II беше во братска посета на Антиохиската Православна Црква. Во составот на делегацијата што го придружуваше патријархот Теодор беа Јоханесбуршкиот митрополит Серафим, Нитрискиот епископ Никодим и архимандритот Илија. Во текот на посетата беше остварена средба меѓу двајцата поглавари, Александрискиот патријарх Теодор II и Антиохискиот Игнатиј IV. Неговата Светост Теодор II посети и неколки духовни центри на Антиохиската патријаршија, меѓу кои манастирот на светиот апостол Павле во Каукаб, на местото каде што Господ му се јави на гонителот Савле; потоа, манастирот на Рождеството на Богородица во Сејднаја, каде што се наоѓа чудотворна икона живописана од светиот апостол и евангелист Лука; и манастирот на светата рамноапостолна првомаченичка Текла во Мааљуља, основан на местото на подвизите на Светителката.
На 24 јуни беше отслужена свечена богослужба во соборниот храм на Светото Успение во Дамаск, со која чиноначалствуваа патријархот Теодор II и патријархот Игнатиј IV, во сослужение со многубројни свештенослужители.
По завршувањето на Божествената Литургија беше приредена свечена трпеза во чест на високиот гостин.
На 25 јуни Александрискиот патријарх се врати во Египет.
Извор: http://www.patriarhia.ru/db/text/261492.html