Пловдивски митрополит Николај (27.06.2007)
Кратко интервју со митрополит Николај, дадено за весникот „Стандарт“ а по повод годишнината од отворањето на храмот на свети Висарион Смоленски.
- Ваше Високопреосвештенство, многу критички се искажавте за фрескописот во храмот во Пампорово. Кои се Вашите конкретни забелешки?
- Црковната уметност треба да се потчинува на светите канони. Светата Библија нѐ советува: „Духот не го гаснете“. И ние, ако внесуваме по нешто од себе, без да се придржуваме до прототипите кои со векови на ред ги раководеле творците на свештена литургиска црковна уметност, ќе го згасиме духот на светото православие.
- Во последните години во смоленско беа изградени доста православни храмови. Има ли многу такви, според Вас, престапувања на каноните?
- Јас нема да го коментирам ова. Некаде има, но јас ќе гледам отсега натаму сѐ да биде во рамките на светите канони, без отстапувања. Се разбира, сметам и се надевам на добрата волја на сите творци на литургиска црковна уметност. Нека пристапуваат со вера и смирение бидејќи во сите тие видови уметност има голема доза богословие, кон кое тие треба да се придржуваат. Нивните творби да не донесуваат само естетско задоволство туку и духовно.
- Што мислите за смоленскиот храм на свети Висарион Смоленски?
- Сметам дека тоа е еден огромен величествен храм, кој има големо значење не само со своите димензии туку и со своето дејство – духовно, врз целата таа духовност и благочестива исполнетост на верниот народ. Така што во овој храм ние ќе ја служиме Божествената Литургија, ќе ја повикуваме Божјата благодат и ќе ги просветуваме луѓето со словото на вистината и словото на вечниот живот.
- Ќе има ли повеќе свештеници во Смоленската епархија? Во моментов тие недостасуваат.
- Ќе дадете ли нови кандидати за семинаријата, за да ви одговорам после тоа дали во смоленскиот крај ќе има свештеници? Во вашите семејства овде вдахновувајте ги и дајте им правилен пат, помогнете им да ја најдат вистинската насока и да одат во Духовната семинарија.
- Ќе пуштите ли „трговци во храмот“? Ќе се користи ли генералниот ремонт на зданието на архиерејството како индулгенција за некого? Во него се вмешани оние што се занимаваат со гатање, пророштва и други занимања недопустливи за христијанството.
- Не знам кој го финансираше ремонтот на зградата. Евангелска добродетел е: кога едната рака дава, другата не треба да знае. Не сум прашал кои се спонзорите на ремонтот, но ако е тоа сестра Христина од манастирот на свети Пантелејмон, ќе се запознаам со нејзината дејност и ќе ги преземам неопходните мерки. Но, се надевам на добра волја и освестеност во црковниот и службовен живот.