ПССЕ го потврди принципот за одделување на Црквата од државата како и заштитата на верските слободи
 
 
 
 
 

ПССЕ го потврди принципот за одделување на Црквата од државата како и заштитата на верските слободи (01.07.2007)

Парламентарното Собрание на Советот на Европа денес го потврди принципот на одделување на Црквата и државата како една од општите европски вредности, што беше предлог на шпанскиот пратеник. Истовремено во резолуцијата донесена на летната сесија што се одвива во Стразбург, Собранието подвлече дека „религијата претставува значајна особеност на европското општество“ и слободата на вероисповедта е заштитена со Европската конвенција за човековите права (ЕКЧП). Сепак верските принципи кои ги нарушуваат човековите права се неприфатливи – сметаат пратениците.

Собранието го поздрави предлогот на Министерскиот Комитет на Советот на Европа за спроведување дискусии по прашања во врска со „религиозната димензија на меѓукултурниот дијалог“ со учество на претставници на традиоционално претставените во Европа религии и на граѓанското општество. Во врска со ова Собранието му препорача на Министерскиот Комитет да им обезбеди на верските заедници можност непречено да го остваруваат во сите држави-членки на Советот на Европа основното право на верска слобода со запазување на принципите на ЕКЧП.

Пратениците им препорачаа на државите членки на СЕ да продолжат со осмислување на религиозната димензија на меѓукултурниот дијалог, особено, преку организирање средби со верски лидери и претставници на хуманитарни и философски кругови.

ПССЕ смета за неопходно да се разгледа можноста за создавање институт за разработка на учебни програми, методики и образовни материјали за изучување на религиозното наследство во земјите од Советот на Европа.

Претходно, финскиот пратеник го изрази ставот дека односот меѓу државата и црковните субјекти е прашање на индивидуална одлука за секоја држава и дека ЕКЧП не го бара одделувањето на Црквата од државата.     

 

извор: http://newsroom.finland.fi/stt/showarticle.asp?intNWSAID=16064&group=General

http://www.pravoslavie.ru/news/070630105714