Американскиот архиепископ Димитриј во официјална посета на Кипар (03.07.2007)
Неговото Блаженство, Американскиот архиепископ Димитриј, поглавар на Американската епархија на Вселенската Патријаршија ќе биде во официјална посета на островот Кипар, која ќе трае до 6 јули. При посетата Архиепископот ќе се сретне со претседателот Тасос Пападопулос, со претседателот на Парламентот Димитрис Христофас и со Кипарскиот архиепископ Хризостом. Американскиот архиепископ ќе ја посети Атина, а се очекува дека ќе го посети и Истанбул за да учествува на вториот светски конгрес на православната младина, на кој ќе учествуваат 125 млади од САД.