Молебен за зимска Олимпијада 2014 (04.07.2007)
Со благослов на Рускиот патријарх Алексиј во храмот на Христос Спасителот во Москва на 3 јули во 12 часот се одржа Молебен за успешен резултат на гласањето за местото на зимската Олимпијада во 2014 година.
На молба на претставници на Олимпискиот комитет на Русија, епископот Дмитровски г. Александар одржа Молебен за почеток на секое добро дело. На богослужбата се молеа претставници на Росспорт, на Олимпискиот комитет на Русија и на Комитетот за припрема на зимските Олимписки игри во 2014 година во Сочи (Крим).
Владиката во својата беседа кон собраните, меѓу другото, рече: „Понекогаш кога луѓето Му се обраќаат на Бога со молба и кога не го добиваат она што го бараат, се огорчуваат. Но, ние мораме да бидеме свесни дека не секогаш нашите прозби одговараат на она што е полезно за нас. Евентуалното одржување на Зимските Олимписки игри во Сочи ќе стане позитивно случување за развој на јужните региони на Русија и ќе го подигне авторитетот на нашата земја на меѓународен план. Затоа Црквата, која е недвоив дел од нашето општество исто така сака сите тие случувања да завршат со успех. Моливено им посакуваме на претставниците на спортските организации на Русија Божја помош и благослов.“
Извор: Patriarhia.ru