Атина (04.07.2007)
Пет држави, во кои Православието е традиционална вероисповед, во Атина поставија основи за соработка на планот на културата. Оваа соработка има за цел да ги нагласи христијанските корени на европската култура.
По средбата министрите за култура на Грција, Русија, Бугарија, Украина и Кипар составија декларација во која се посочува дека „карактеристиките на европската култура како што се толерантностa и солидарностa своите корени ги имаат во христијанството“. Петмината министри се ангажирани да работат на примена на културните елементи на Православието коишто оддаваат почит на дејностите на современата Православна Црква како факти за стабилност и мир во Европа и во светот.
„Православието е начин на живот, кој ги поврзува теоријата и религиозната вера со праксата“, истакна грчкиот министер за култура Георгеос Вулгаракис.
известува: http://culture.actualno.com/news_110793.html