На Грчкиот архиепископоп Христодул можно е да му биде направена трансплантација на црн дроб
 
 
 
 
 

На Грчкиот архиепископоп Христодул можно е да му биде направена трансплантација на црн дроб (08.07.2007)

На поглаварот на Грчката Црква, Архиепископот Христодул кој веќе 25 дена се наоѓа во болница, можно е да му биде направена операција на пресадување на црн дроб, изјавија лекарите на Архиепископот. На Архиепископот Христодул веќе му беше направена операција на цревата, каде што лекарите востановија рак. Но, тие се сега загрижени поради тоа што со тумор е зафатен и црниот дроб. Болницата во Атина, каде што се лекува Архиепископот, ја посетија специјалисти од Германија, а наскоро ќе дојдат и лекари од Велика Британија и САД. По мислењето на конзилиумот, на пациентот е можно да му биде направена трансплантација на црн дроб после 3 месеци откако тој ќе се опорави од операцијата на цревата. Лекарите исто така изјавија дека Архиепископот Христодул ќе остане во болница на неопределено време. Уште нема прогнози за негово отпуштање од болницата.

извор: www.patriarhia.ru