Слепите од Алба Јулија (Романија) ќе можат да го читаат Светото Писмо
 
 
 
 
 

Слепите од Алба Јулија (Романија) ќе можат да го читаат Светото Писмо (08.07.2007)

Во петокот, на 6 јули 2007 година, Православната Архиепископија на Алба Јулија, преку Одделот за социјални дејности, им подари книги на Брајов јазик на слепите од овој регион. Книгите содржат делови од Новиот завет преведени од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Вартоломеј Ананија, а 15 од нив содржат текстови од Библијата за деца. Книгите беа подарени на Сојузот на луѓе со оштетен вид од Алба Јулија и до нив ќе имаат пристап околу 400 слепи од регионот.

 

Извор: http://povestiri-copii.crestinortodox.ro/Povestiri_cu_talc.html