Хиротонија за епископ во Романската Православна Црква
 
 
 
 
 

Хиротонија за епископ во Романската Православна Црква (11.07.2007)

На 8 јули 2007 година во соборниот храм на свети Николај во градот Дјула (Унгарија) се одржа ракополагање на архимандритот Силуан (Мануил) во епископ Дјулски, поглавар на епархијата на Романската Православна Црква во Унгарија. Со хиротонијата чиноначалствуваше еден од најстарите архиереи на Романската Православна Црква архиепископот Темишварски и митрополит Банатски Николај. Со него сослужуваа архиереи на Романската Црква: митрополитот Германски и Средноевропски Серафим, епископот на Арџеш Калиник, Карансебешкиот епископ Лукијан, епископот Арадски Тимотеј, епископот Северински Никодим, епископот Орадеаски Софрониј и викарниот епископ на Банатската митрополија Паисиј. Од Руската Православна Црква во хиротонијата учествуваше еписопот Виенски и Австриски Иларион, претставник на Руската Православна Црква во европските меѓународни организации и поглавар на Унгарската епархија на Московската Патријаршија. На богослужението присуствуваше и eпископот Bудајски Лукијан, поглавар на епархијата на Српската Православна Црква во Унгарија. Согласно древната традиција на Романската Православна Црква новоракоположениот архиереј ја возглави Божествената Литургија, а другите архиереи кои учествуваа во хиротонијата се молеа на горното место од светиот олтар. По завршувањето на богослужбата Митрополитот Николај му врачи на новоракоположениот епископ Силуан архиерејски жезол. Во свеченостите зедоа учество и многубројни клирици, монаси и поклоници од Унгарија и Романија.

Извор: http://www.mospat.ru/index.php?page=36943