Пекинг треба да овозможи вистинска религиозна слобода
 
 
 
 
 

Пекинг треба да овозможи вистинска религиозна слобода (12.07.2007)

Архиепископот Никита Лулиас, православен Митрополит на Хонгконг и југоисточна Азија (Вселенска патријаршија), ја повика Кинеската влада меѓу останатите официјални религии во земјата да го признае и Православието и изрази загриженост за положбата на Христијаните во Азија. Тој изјави дека не се согласува со политиката на Кинеската влада по однос на религијата, имајќи го предвид фактот дека таа не го вклучува Православието меѓу петте „официјални религии“ во земјата (римокатолицизам, протестантизам, ислам, будизам и таоизам). „Ова е уште поштетно ако се земат предвид промените во Кина која се развива многу бргу. Религиите треба да имаат полна слобода, бидејќи покрај економскте ќе настапат и вистински социјални промени.“ Митрополитот исто така нагласи дека положбата на христијаните во повеќе азијски земји кои се под негова јурисдикција е многу тешка: „Христијаните сѐ почесто се жртви на фанатизмот и неоправдана омраза. Да се молиме нивната положба да се подобри што е можно поскоро.“

Извор: Asianews