Во Плoвдив ќе биде донесена честичка од светиот Крст Господов (14.07.2007)
Честичка од светиот Kрст на Господ Исус Христос, која се наоѓа во скитот на свети Николај, кој му припаѓа на манастирот Кутлумуш, Света Гора, ќе биде донесена во Пловдив. Светињата ќе биде донесена лично од игуменот на скитот, архимандритот Кирил, по повод храмовиот празник на митрополискиот храм на света Марина и по покана на Пловдивскиот митрополит Николај.
Од канцеларијата на митрополијата е објавено дека официјалното пречекување на светињата ќе се одржи на 16 јули (вторник) во 18.00 часот на централниот плоштад. Со Литија по главната улица таа ќе биде донесена до црквата на света Марина каде што ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба. Следниот ден, на празникот на храмот, кога христијаните ја почитуваат светата маченичка Марина, во црквата ќе биде отслужена Архиерејска Божествена Литургија. Честичката од светиот крст Господов ќе остане во Пловдив до среда и ќе биде достапна за деноноќно поклонение.
Известува: Дверибг