Романскиот патријарх Теоктист: Стаписани сме од изјавата на Ватикан (17.07.2007)
Неговата Светост Романскиот патријарх Теоктист ја осуди неодамнешната изјава на Ватикан според која Римокатоличката црква е „единствената вистинска Црква“.
„Стаписани сме од оваа изјава, која предизвика вознемирување во целиот христијански свет. Такви нешта не Му се угодни Бога. При такви груби тврдења не ќе биде лесно да се најде начин за продолжување на дијалогот со Католичката црква – барем додека таа не нè признае како Црква“, изјави патријархот Теоктист, коментирајќи го документот издаден од ватиканската Конгрегација за веронаука.
Во овој документ се тврди дека „Христос создаде на земјата една Црква и на нејзините цели и задачи одговара Католичката Црква, а не другите христијански конфесии“.
Според Патријархот, тврдењата на Ватикан, кои ја изразуваат официјалната католичка гледна точка, само го усложнуваат меѓуцрковниот дијалог и ги настројуваат Црквите една против друга.
Притоа Патријархот сепак изрази надеж дека папата Бенедикт XVI ќе ги продолжи обидите на својот претходник за помирување на христијанските Цркви во името на „светото единство“.