20000 верни присуствуваа на Литургијата во црквата подигната на местото на убиството на руското царско семејство (18.07.2007)
Во црквата подигната на местото на убиството на последното руско царско семејство, во ноќта меѓу 16 и 17 јули 2007 година, свеченостите започнаа со сеноќно бдение а завршија со Божествена Литургија. Службите беа возглавени од Екатерининбургскиот и Верхотурскиот архиепископ Викентиј и Женевскиот и Западно-европскиот Михаил, соопштува агенцијата на Екатерининбургската епархија. Со неколкуте илјади поклоници во храмот на местото на убиството на светите царски маченици на богослужението присуствуваа и мноштво свештенослужители и монаси од Екатерининбургската епархија и од сите краишта на Русија.
Првите богослужби на местото на убиството на царот Николај II започнале да се одржуваат пред крајот на 80-те години од минатиот век. Во прво време луѓето биле растерувани од полицијата. Но сепак, на 22 септември 1991 година Екатерининбургскиот епископ Мелхиседек (Лебедев) го поставил првиот камен темелник на идниот храм на местото каде што пострадале светите царски маченици.
На 31 јануари 1997 година градоначалникот на областа по молба на епископот Никон (Миринов) го потпишал указот за постројување на храм-споменик на местото на убиеното последно руско царско семејство. Храмот е посветен на светите царски маченици. Активното устројување на храмот започнува пред 2000 година, кога царот Николај II и неговото семејство се вброени кон ликот на светиите со синодско решение од истата година.
На 15 јули 2005 година, во предвечерието на 85-годишнината од убиството на царските новомаченици, мноштво епископи, на чело со Крутицкиот и Коломенскиот митрополит Јувеналиј го осветуваат храмот со благослов на патријархот Алексиј II.
По богослужбата притекнатите ерарси и поклоници од цела Русија, во чест на светиот цар Николај II и неговото семејство, од местото на нивното убиство извршија 25-километарски крстен од по патот по кој оделе болшевиците превезувајќи ги телата на светите царски маченици во месноста Ганина јама, каде што биле прелиени со киселина и изгорени.
Во 2000 година на местото, каде што биле уништени телата на царските маченици усторен е манастир, посветен на нив, со 7 активни храма. На 17 јули во него, исто како и во храмот на царските новомаченици без престанок се одржуваат богослужби. На 18 јули „Царските денови“ продолжуваат во Алапаевск, каде што е убиена преподобната маченичка Елисавета, сестрата на последната руска царица света Александра Нова и уште 7 нови светители на руското и вселенско Православие.