Британските парламентарци истапија во заштита на православните храмови во Северен Кипар
 
 
 
 
 

Британските парламентарци истапија во заштита на православните храмови во Северен Кипар (19.07.2007)

Членовите на Британскиот парламент повикаа кон однесување со почит кон културното и верско наследство на Кипар.

Во проектот на резолуцијата потпишан од 17 парламентарци „со алармираност се забележува дека во северниот дел на островот се ограбени околу 100 христијански цркви, украден е целиот подвижен имот (подови, камбани, престоли, иконостаси и повеќе од 23 000 икони) за понатамошна продажба на меѓународниот црн пазар за уметнички производи“.

Многу храмови, како што се наведува во документот, „претворени се во штали, амбари, кафеани“. Гробиштата во црквениот круг се уништени.

Пратениците во Британскиот парламент ги повикуваат „сите заедници во Кипар да не ги користат верските и културните споменици како објекти на омраза, туку кон нив да се однесуваат со почит и со заеднички сили да ги штитат и зачувуваат како заедничко наследство на сите Кипрани“.

Извор: Патриархия.ru