Грчкиот архиепископ Христодул е пуштен од болница
 
 
 
 
 

Грчкиот архиепископ Христодул е пуштен од болница (20.07.2007)

Поглаварот на Грчката Црква денес ќе биде пуштен од болница.

„Неговото Блаженство потполно се опорави од неодамнешната операција и компликациите предизвикани од болеста на црниот дроб и дијабетесот.

Се планира одењето на Архиепископот во САД да биде во втората половина од месецот август, заради понатамошно лекување на болеста на црниот дроб“, известуваат лекарите од атинската болница.

Архиепископот Христодул во болницата лежеше 42 дена. Нему му беше направена операција на цревата. Лекарите востановија рак на цревата и црниот дроб и е решено на Архиепископот да му биде направена операција на пресадување на црн дроб.

Во болницата Архиепископт Христодул го посетија претседателот и премиерот на Грција, други грчки и кипарски министри, Цариградскиот патријарх Вартоломеј и други црковни делегати. Свое сочувство поради болеста на Архиепископот му изрази и Рускиот патријарх Алексиј II.

Архиепископот Христодул повеќепати ѝ се обрати на паствата со благодарност за поддршката во тешките моменти.  

Извор: http://www.patriarhia.ru/db/text/271434.html