Романија (20.07.2007)
Денеска, кога Православната Црква го празнува светиот пророк Илија (по нов стил), во сите православни храмови во Романија за време на Светата Литургија беа произнесени молитви за дожд. Такви молитви ќе бидат произнесени и на службите во наредните денови. Митрополитот Даниел на Молдавија и Буковина, побара од протопрезвитерите од Архиепископијата во Јаши да се погрижат за отворање на манастирите и на храмовите во текот на денот, за луѓето поради жештината да можат да се заштитат и ако е можно да им се пружи санитарна помош. „Затоа ги повикуваме парохиските свештеници да ги прават овие посебни молитви толку потребни и полни со надеж во помошта Божја.“
Денес кога се празнува светиот пророк Илија, повеќе од 120.000 православни Романци го отпразнуваа својот именден. Статистиката која постои на национално ниво покажува дека од вкупно 22 милиони Романци над 120.000 луѓе (1,83%) го носат името на свети Илија.
Извор: www.mmb.ro