Јаши: натпревар во чукање во клепало
 
 
 
 
 

Јаши: натпревар во чукање во клепало (21.07.2007)

Во парохијата на свети Илија во Јаши вчера за првпат се одржа меѓупарохиски натпревар во чукање во клепало под назив „Клепало во небо“. На овој натпревар учестуваа околу 20 млади луѓе од 12 парохии. Парохискиот свештеник на црквата на свети Илија о. Мариус Стефан рече: „Овој натпревар сакаме да биде можност за привлекување на младите во активностите на Црквата и за промовирање на духовните вредности меѓу нив, а посебно сакаме ова да биде и начин на комуникација меѓу парохијаните. На овој натпревар беше отслужена Вечерна богослужба заедно со Литија. Победниците ќе бидат наградени со ЦД-а, религиозни книги и икони од Културно-мисионерскиот институт „Тринитас“.

 

Извор: www.mmb.ro