40 години од возобновувањето на манастирот Красна во Прахова, Романија
 
 
 
 
 

40 години од возобновувањето на манастирот Красна во Прахова, Романија (22.07.2007)

Манастирот Красна во Романија денеска прославува 40 години од возобновувањето на монашкиот живот кој беше прекинат во 1959 година со декрет од комунистичката власт. На денешен ден во манастирот Красна ќе биде осветен параклис посветен на сите Романски Светители. Параклисот е уникатен бидејќи е единствен храм којшто е целосно насликан со ликови на романски Светители. По овој повод ќе се соберат сите монаси кои за време на овие 40 години биле замонашени во овој стар монашки центар. Ќе биде отслужено сеноќно бдение на кое беседа ќе одржи епископот Галактион на Александрија и Телеорман. Утредента ќе биде отслужен Актистот на сите романски Светители, после кој ќе почне осветувањето на параклисот и Божествена Литургија.

 

 

 

                      

 

 

 

                               

 

 

     

 

    

 

 

Известува: www.mmb.ro