Нов епископ во Светиот Синод на Кипарската Православна Црква (23.07.2007)
Во автокефалната Кипарска Православна Црква беше извршена интронизација на нов епископ, со што е завршено проширувањето на Светиот Синод на Кипарската Црква. Епископот Тримитунтски и Лефкарски Варнава беше интронизиран на свечената богослужба во сабота во црквата на Пресвета Богородица во Палуроитиса, Никозија.
Во своето обраќање кон епископот Варнава, поглаварот на Кипарската Црква архиепископот Хризостом рече дека новиот епископ прима една тешка задача и се обврзува да ѝ служи на Кипарската Црква. Тој забележа дека епископијата на епископот Варнава продолжува да биде под турска окупација од 1974 година.
Архиепископот ги истакна скромноста и карактерот на епископот Варнава и рече дека тој верно ќе ѝ служи на Црквата од својата нова позиција. Во својот одговор епископот Варнава проговори за духовната задача која ја прима уверувајќи го Архиепископот Хризостом дека ќе ги исполнува задолженијата со целосна почит.
Известува: Cyprus News Agency