Во Ерусалим свечености во чест на преподобните маченички великата кнегиња Елисавета и монахињата Варвара (23.07.2007)
На 18 јули во Ерусалим свечено беше отпразнуван споменот на светите преподобни маченички Великата кнегиња Елисавета и монахињата Варвара.
Во рускиот манастир на светата рамноапостолна Марија Магдалена во Гетсиманија каде што почиваат моштите на Преподобните маченички, беше отслужена втора во Ерусалим заедничка Божествена Литургија од свештенството на Руската Православна Црква во татковината и зад границите. Со Литургијата чиноначалствуваше архиепископот Берлински и Германски Марк. По завршувањето на Божествената Литургија, Архиепископот Марк им се обрати на собраните истакнувајќи дека двете многупочитувани Преподобни маченички меѓу рускиот народ – Великата кнегиња Елисавета и монахињата Варвара - „со толку различно потекло и положба ни покажуваат... што ни е нам заедничко – Христос“. Нашата цел е „секогаш, за време на целиот наш живот да го поттикнуваме она што нѐ обединува, а да не обрнуваме внимание на она што може да нѐ разделува и разединува... И во тешките моменти кога меѓу нас се јавуваат несогласувања и расправии должни сме да го помниме само ова: „Христос воскресе!“. Тоа нѐ обединува. Никој не може да нѐ раздели ако се сеќаваме на ова.
Извор: www.patriarhia.ru