Митрополијата на Молдавија и Буковина прослави 606 години од признавањето од страната на Цариградската Патријаршија
 
 
 
 
 

Митрополијата на Молдавија и Буковина прослави 606 години од признавањето од страната на Цариградската Патријаршија (27.07.2007)

 

Признавањето на Митрополијата на Молдавија и Буковина беше потврдено со хиротонијата на првиот Митрополит Јосиф I Мушат на 26 јули 1401 година. Признавањето на Митрополитот Јосиф I Мушат беше од голема важност за историјата на Романската Православна Црква но и за историјата на Православната Црква воопшто. Тоа признавање се случило после еден период во кој и Црквата во Молдавија но и Црквата во Цариград биле под некој притисок. Познато е дека Црквата во Молдавија имала и постара организација за што има многу сведоштва, но таа за првпат како Митрополија се спомнува во 1386 година во еден канцелариски напис во Византија.

Поглаварите на Молдавската митрополија биле големи личности како Варлаам, Доситеј, Венјамин Костаки и идните патријрси на Романската Црква: Никодим Мунтеану, Јустинијан Марина и Неговото Блаженство о. Теоктист Арапашу.  Од 1 јули 1990 година Митрополит на Молдавија и Буковина е Негово Високопреосвештенство Даниел Чоботеа. Името Митрополија на Молдавија и Сучеава беше сменето во Митрополија на Молдавија и Буковина во 1990 година од Светиот Синод на Романската Православна Црква.   

Извор: http://www.mmb.ro/ro/index.php?pagina=50&data=2007072620