Во Молдавија законодавно е поткрепен посебниот статус на Православието (29.07.2007)
Парламентот на Молдавија во петокот се согласи со предлогот на претседателот околу измената на законот за религиозни организации.
Согласно измените „државата ги признава посебното значење и првостепената улога на христијанската православна религија, а со тоа и на Православната Црква во животот, историјата и културата на народот на Молдавија“.
Во јуни оваа година претседателот на Молдавија го откажа утврдувањето на донесениот закон од Парламенотот и го врати на доработка.
Законот беше вратен поради „неспомнувањето на Православието како традиционална религија на молдавскиот народ“, а исто така заради тоа што се поедностaвува регистрацијата на други религиозни насоки.
Првата варијанта на законот предизвика протест кај свештениците од православната Митрополија на Кишинев и на цела Молдавија, кои упорно бараа од претседателот да не го потпишува законот „кој претставува опасност за Православието во Републиката“.
Измените внесени во законот се направени пред сѐ поради борба со сектите.