Во петок ќе биде погребан Романскиот патријарх Теоктист
 
 
 
 
 

Во петок ќе биде погребан Романскиот патријарх Теоктист (01.08.2007)

Неговата Светост Романскиот патријарх Теоктист ќе биде погребан во петок на 3 август во 11 часот. Ова решение беше донесено на заседанието на Постојаниот Синод на Романската Православна Црква.

Како што соопшти епископот Викентиј, Неговата Светост патријархот Теоктист ќе биде погребан во соборната црква во Букурешт до својот претходник патријархот Јустинијан.

Мноштво верни доаѓаат во патријаршискиот соборен храм за да му одадат чест на починатиот патријарх. Министерството за култура предложи петокот се да прогласи за национален ден на жалост.

Со решение на Синодот за местобљустител на патријаршискиот престол е назначен Молдавскиот и Буковинскиот Митрополит Даниил. По 41 ден од упокојувањето на патријархот ќе се одржи избор за нов патријарх.

Согласно црковниот Устав, местобљустителот нема право да ја изнесе својата кандидатура на изборите. Меѓутоа, Постојаниот Синод реши да направи исклучок за Митрополитот Даниил. Како што изјави епископот Викентиј, ако митрополитот Даннил донесе решение за своја кандидатура на изборите за нов патријарх, местобљустител на престолот ќе стане митрополитот Банатски Николај.

Извор: www.patriarhia.ru