Дивеево, Русија (02.08.2007)
На денот на пронаоѓањето на моштите на свети Серафим Саровски во дивеевскиот женски манастир на Света Троица беше отслужена празнична Божествена Литургија возглавена од Чувашкиот митрополит Варнава во сослужение со мноштво епископи. Литургијата беше отслужена на соборниот трг каде што на специјално издигнато место беа поставени моштите на преподобен Серафим. Во текот на целата ноќ на плоштадот околу црквата на Светото Преображение десетици свештеници ги исповедаа поклониците, кои имаа желба наредниот ден да се причестат на Литургијата.
Во свеченостите зедоа учество околу 7000 поклоници од цела Русија и од другите земји. Во близина на местото беше подигнат камп за 2000 луѓе со обезбедена храна и медицинска помош. Ваквите свечености во Дивеево се востановени од 2003 година, кога Црквата одбележа 100 години од канонизацијата на преподобен Серафим Саровски.