Над 10000 верници му одадоа последна чест на Романскиот патријарх Теоктист
 
 
 
 
 

Над 10000 верници му одадоа последна чест на Романскиот патријарх Теоктист (02-08-2007)

Меѓу поклониците, некои од нив дојдени од најдалечните места во Романија (Арад, Сучеава, Марамуреш, Ботошани, Бихор) можеше да се видат луѓе од секаква возраст кои во тишина чекаа за да стигнат до ковчегот со патријархот. Вчера во патријаршиската катедрала дојдоа и многу личности од јавниот и политички живот, од земјата и од странство.

„Бидејќи патријархот Теоктист беше еден вистински патријарх, човек возљубен од сите, од младите и од старите, вчера покрај неговиот ковчег поминаа неколку илјадници луѓе кои со слози во очите доаѓаа со болка да се збогуваат со патријархот. Членовите на Светиот Синод, возглавени од митрополитот Даниел кој сега е заменик на патријархот во овој период, се собраа повеќе пати за да ги припремат потребните нешта околу погребението. Забележивме и многу странски делегации кои доаѓаа за да му се поклонат за последен пат на патријархот. Епископи, јеромонаси и свештеници непрестајно ги одржуваат службите што обично се служат за погребение, читаат од Псалтирот и кажуваат заупокоени ектении. Според романската полиција над 10000 верници дојдоа овие денови во патријаршиската катедрала за да се збогуваат со патријархот.

 

 

Претставници од помесните Православни Цркви кои ќе присуствуваат на погребението на Романскиот патријарх Теоктист:

 

Од Цариградската Патријаршија:

Цариградскиот патријарх Вартоломеј заедно со Митрополитот Принкипонитски Јаков, Митрополитот Зихнонски и Неврокопионски Јеротеј

 

Од Александриската Патријаршија:

Митрополитот Аксомиски Петар

 

Од Антиохиската Патријаршија:

Епископот Филипополиски Нифон

 

Од Ерусалимската Патријаршија

Архиепископот Гераски Теофан и егзарх на Светиот Гроб

 

Од Московската Патријаршија

Митрополитот Крутецки и Коломнски Јувеналиј, Митрополитот Кишинауски Владимир, о. Николај Балашов од Одделот за надворешни црковни врски на МП

 

Од Српската Православна Црква:

Епископот Сремски Василиј, Епископот на Буда и администратор на српската епархија во Темишвар Лукијан

 

Од Бугарската Православна Црква:

Митрополитот на Русе Нефит, Митрополитот на Доростол Иларион и Агатонитскиот Епископ Наум

 

Од Кипарската Православна Црква

Митрополитот на Тамасос и Ореина Исаија.

 

Од Грчката Православна Црква

Митрополитот на Перистерион Хризостом и Епископот на Термопиле Јован

 

Од Албанската Православна Црква

Архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија Анастасиј и Епископот на Круже Николај

 

Од Полската Православна Црква

Архиепископот на Лублин и Кхелм Авел

 

Од Православна Црква на Чешка и Словачка

Архиепископот на Прага и Митрополит на Чешка и Словачка Христофор

 

Од Финската Православна Црква

Викарниот епископ Арсениј

 

Од Американската Православна Црква

Епископот на Дирборн Хајтс Иринеј

 

Од Македонската Православна Црква

Архиепископот Охридски и Македонски Стефан,

Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар

 

извор: www.mmb.ro