Во Подмосковието за 7 години се реставрирани повеќе од 1000, а изградени 200 нови православни храмови (08.08.2007)
Градителите од Московската област за последните 7 години реконструирале околу 1000 стари и изградиле повеќе од 200 нови православни храмови. Ова го соопштува викарниот епископ на Московската епархија, Митрополитот Крутицки и Коломенски Јувеналиј.
Митрополитот Јувеналиј награди со ордени на Руската Православна Црква и со патријаршиски грамоти низа градители, кои се истакнаа во процесот на изградба и реставрација на православни храмови во Подмосковието.
извор: Патриархиа.ру