Грчката држава донира 31 милион евра на Црквата (09.08.2007)
Вчера Атинскиот Архиепископ Христодул, кој за 11 дена треба да отпатува за Мајами заради трансплантација на црн дроб, во својот дом со министерот за економија на Р. Грција Георгиос Алогоскуфис потпиша договор за годишна државна помош на Православната Црква во земјата. Точната сума со која државата ќе ја помогне социјалната и културната дејност на Црквата е 30.571.917 евра. Во документот се вели дека парите се даваат за остварување на „Програмата на Атинската Архиепископија и светите митрополии на Грчката Црква за реализација на проекти со придонес кон националниот, социјалниот, економскиот и културниот развој на регионите“. Во програмата е предвидена изградба на конгресни центри, старечки домови, опремување на старечки домови, детски домови, училишта.
извор: Та Неа