Национален црковно-народен собор ќе избере Патријарх на Романската Православна Црква
 
 
 
 
 

Национален црковно-народен собор ќе избере Патријарх на Романската Православна Црква (11.08.2007)

Во моментов Романската Православна Црква има 33 епархии. Во врска со изборот на нов патријарх, секоја епархија ќе биде претставена од тројца луѓе, учесници во Црковно-народниот собор (двајца мирјани и еден клирик) – т.е. во соборот ќе учествуваат 49 члена на Светиот Синод и 90 мирјани од целата земја, како и 30 претставници на Епархискиот собор на Букурешт. Во изборот ќе земат учество и претставници на богословските факултети од земјата. Вкупниот број на учесниците во соборот е 184.

 

Митрополитот на Молдавија и Буковина, Неговото Високопреосвештенство Даниел ќе биде еден од кандидатите за патријаршискиот престол. Роден е во 1951 година. Студира православна теологија во Сибиу и Букурешт (Романија), протестантска теологија во Стразбург (Франција) и католичка теологија во Фрајбург на Брајзгау (Германија). Работи како професор на: Екуменистичкиот институт Bossey, Женева (1980-88), Православниот богословски факултет во Букурешт (1988-90) и од 1990 година е професор на Православниот богословски факултет во Јаши. На 36-годишна возраст е постстрижан во монашки чин и потоа хиротонисан за протосингел. На 4 мај 1990 година станува викарен епископ на Темишварската Архиепископија, а три месеци подоцна е избран за Архиепископ на Јаши и Митрополит на Молдавија.

 

Вториот кандидат, со не помалку шанси, е Неговото Високопреосвештенство Теофан Саву, Митрополит на Олтенија. Роден е во 1959 година. Потстрижан е за монах на 24-годишна возраст. Две од неговите сестри се исто така монахињи. Го завршува Богословскиот институт во Букурешт, а од 1986 до 1990 година е на пост-диполомски студии и докторира на познатиот Православен богословски инситут „Свети Сергеј“ во Париз. Во 1991 година е хиротонисан за патријаршиски викарен епископ, а во 2000 година е избран за Митрополит на Олтенија.

 

Изборот за иден патријарх на Романија ќе се одржи на 12 септември.

 

Извор: http://www.ziua.net/display.php?data=2007-08-09&id=225020