Делегација на Руската Православна Црква во посета на Света Гора
 
 
 
 
 

Делегација на Руската Православна Црква во посета на Света Гора (15.08.2007)

Од 7 до 10 август официјална делегација на Московската Патријаршија ја посети Света Гора, каде што беа отслужени свечени богослужби, посветени на празнувањето на споменот на великомаченикот и исцелител Пантелејмон. Делегацијата ја возглави Митрополитот днепропетровски и павлоградски Иринеј.

8-9 август во соборниот храм на свети Пантелејмон на рускиот светогорски манастир архиереите чиноначалствуваа со сеноќно Бдение и Божествена Литургија, кои траеја 16 часа. Заедно со архиереите служеа свештеномонасите од рускиот манастир на св. Пантелејмон како и од српските, романските, бугарските и грчките светогорски обители. На богослужбите присуствуваа и мноштво поклоници од Русија како и претставници од рускиот државен врв.

Извор: Патриархиа.ру