Бугарија, Тројански манастир
 
 
 
 
 

Бугарија, Тројански манастир (16.08.2007)

По повод празникот на Успение на Пресвета Богородица (нов стил), Бугарскиот патријарх Максим во сослужение со архиереи и свештенослужители изутрината отслужи 4-часовна празнична богослужба во ставропигијалниот Тројански манастир. По светата богослужба Неговата Светост со празнично слово го поздрави и го благослови 10-илјадното мноштво народ што ја следеше богослужбата во и надвор од манастирскиот храм. Со патријархот Максим служеа и Митрополитите Неофит русенски и Гавриил ловчански, Епископот стобиски Наум и Епископот знеполски Јован, Деволскиот епископ Теодосиј и Месимвријскиот епископ Јаков. 

Потоа Патријархот благослови Владиката Неофит да ја возглави Литијата со чудотворната икона на Пресвета Богородица од манастирот до новоизградениот параклис во с. Орешак. Русенскиот митрополит освети околу 500 литри вода.

 

 

        

 

 

         

 

Во Тројанскиот манастир неодамна беше монтиран лифт за инвалиди кои дојдоа на празникот во манастирот – дар на Заводот за лифтови од Софија, а вграден по одлука на манастирскиот собор. Направени се и приоди, кои на инвалидите им го олеснуваат пристапот до спратовите, рецепцијата, параклисот и црквата во манастирот. Останува уште да се направи приод со лифт кон музејот.  

 

Во моментов за 500 000 евра се реставрира фрескописот во обителта. Реконструкцијата на југоисточното крило исто така е во тек. Според зборовите на игуменот на обителта, Мелнишкиот епископ Генадиј, тоа треба да заврши во почетокот на 2008 година. Околу 1 милион лева се донирани во последниве три години од страна на бугарската влада за ова крило.

 

Извор: Dveribg.net