Грузиска банка е спонзор на проектите на Грузиската Православна Црква (20.08.2007)
Грузиската банка „VTB – Грузија“, една од малкуте стабилни финансиски институции во земјата, е постојан спонзор на проектите на Грузиската Православна Црква. Во приоритетите на банката спаѓа и поткрепа на развојот на националната култура, a пред сѐ на религиозната. Банката е личен спонзор на енциклопедијата на духовниот отец на грузискиот народ Или Чавчавадзе, канонизиран за Светител од Грузиската Црква. Благодарение на оваа банка во Тбилиси се отворени неколку училишта за црковна музика, меѓу кои и Вишиот музички инстиут, спонзорирани се и албуми со црковно пеење.
„Нашата банка основа Фонд за пеење. А Вишото училиште за црковно пеење и народни песни во Тбилиси е раководено од диригентот Анзор Еркомаишвили. Студентите не го изучуваат само црковното пеење на Грузиската Црква, туку ги изучуваат и традициите на сите Помесни Православни Цркви“, изјави директорот на банката Јуза Тавдидишвили.
Извор: Dveribg.net