На Оксфордскиот универзитет беше одржана XV Меѓународна конференција за Патристика
 
 
 
 
 

На Оксфордскиот универзитет беше одржана XV Меѓународна конференција за Патристика (21.08.2007)

Од 6 до 11 август на Оксфордскиот универзитет беше одржана XV Меѓународна конференција за Патристика. Во организациониот комитет на конференцијата, организиран од Теолошкиот факултет при Оксфордскиот универзитет, беа професор Аверил Кемерон (претседател), доктор Џејн Баун, професор Џилијан Кларк, доктор Марк Едвардс, професор Џудит Лиу, професор Ендрју Лут, доктор Морвена Ладлоу, доктор Дејвид Тејлор и професор Маркус Винсент.

Иако организаторите првично ја ограничуваа бројката на учесници до 750, на конференцијата имаше околу 900 учесници, меѓу кои и голем број православни патролози.

 

Со реферат на тема „Молитвата според учењето на Симеон Солунски“ истапи Митрополитот диоклејски Калист, почесен професор на Оксфордскиот универзитет и доктор honoris causa на Православниот богословски институт „Свети Сергеј“ во Париз.

 

Институтот „Свети Сергеј“на оваа конференција испрати претставителна група истражувачи. Со свои реферати настапија:

-          Деканот на инстиутот архимандрит Јов (Геча): „Христолошките и пневматолошките аспекти во трактатот „За Крштението“ на Симеон Солунски“;

-          Професор Јуст Ван Росум: „Евхаристијата како симбол кај Псевдо-Дионисиј и Теофан Никејски“;

-          Софи Дејша: „Влијанието на архиепископот Георг Вагнер врз истражувањата во областа на православната патристика“

-          Никоља Казарјан: „Отците на Црквата во богословието на слободата на Еремиј II

-          Горан Секуловски: „Социјалните аспекти на исихазмот од XIV век“.

 

Меѓу излагачите беа и дипломци од Институтот „Свети Сергеј“ кои сега работат надвор од Франција:

-          професор Симеон Стиг Фројшов, универзитет Осло: „Молитвената практика на монаштвото од Египетската пустина“

-          сестра Серафима (Константиновски), манастир на свети Јован Крстител (Есекс, Велика Британија): „Врската меѓу христијанскиот аскетизам и грчките идеали на моралното совршенство од IV век“ и „Телото, световните пројави и совршеното познание на монаштвото на IV век“.

Меѓународните конференции за патристика се одржуваат во Оксфорд од 50-тите години од минатиот век, исто како и Неделите на литургиски истражувања во Институтот „Свети Сергеј“, на кои учествуваат во голема мерка истите научници.

 

Материјалите од последната Оксфордска конференција ќе бидат објавени, исто како и претходните години, во издание на Peeters во Лувена.

 

                             

 

извор: Патриархиа.ру