Ерусалимскиот патријарх Теофил III и Митрополитот украински Владимир богослужеа на Гората Тавор (22.08.2007)
На празникот на Преображението Господово, Патријархот на светиот град Ерусалим и цела Палестина Теофил III и Митрополитот киевски и на цела Украина Владимир го посетија храмот на Преображението на светата Гора Тавор, каде што отслужија Божествена Литургија. На Литургијата заедоа учество архиереи од Помесните Православни Цркви. Од Украинската Православна Црква присуствуваа и Митрополитот лугански и алчевски Јоаникиј, Архиепископот вишгородски Павел, Епископот василковски Лука, како и многубројни поклоници од Украина, кои со благослов на митрополитот Владимир дојдоа за да им се поклонат на светињите во Ерусалим и Светата Земја. Во текот на својата поклоничка посета на Светата Земја поглаварот на Украинската Православна Црква отслужи Божествена Литургија во црквата на Света Марија Магдалена во патријаршискиот метох како и Голем Водосвет на местото на Крштението Господово на реката Јордан. Воочи празникот беше остварена средба меѓу патријархот Теофил и митрополитот Владимир, во текот на која беа разгледани црковните и политичките проблеми во Украина и во Светата Земја.
извор: http://www.pravoslavye.org.ua/