Светиот Синод на Руската Православна Црква го востанови празникот на Сите Светители на Велика Британија и Ирска
 
 
 
 
 

Светиот Синод на Руската Православна Црква го востанови празникот на Сите Светители на Велика Британија и Ирска (25.08.2007)

На 21 август 2007 година, Светиот Синод на Московската Патријаршија, возглавен од патријархот Алексиј одлучи Руската Православна Црква да го слави споменот на Сите Светители на Велика Британија и Ирска. Празникот ќе се слави во третата недела по Педесетница. (Во првата недела по Педесетница се слави празникот на Сите Светии, а во втората – Сите Светии прославени на руската земја).

Светиот Синод одлучи имињата на сите британски и ирски светители (сите од нив прославени во првиот милениум кога Источната и Западната Црква беа заедно, т.е. пред шизмата) да бидат внесени во мартирологот што се користи во Руската Црква, а Комисијата за канонизација да ги уреди нивните житија.

Одлуката уследи по барање на Сурожската епархија на Руската Православна Црква.

 

 

 

Извор: http://egliserusse.typepad.fr/chersonese/2007/08/le-saint-synode.html

http://www.sourozh.org/web/British_Orthodox_Saints