Грузиската Патријаршија ќе основа државен универзитет
 
 
 
 
 

Грузиската Патријаршија ќе основа државен универзитет (29.08.2007)

Универзитетот „Свети апостол Андреј Првоповикан“ ќе биде создаден во Грузија по иницијатива на патријархот Илија II. „Станува збор за световна институција за високо образование“, соопшти Заза Абашидзе, претседател на грузискиот оддел при црковно-научниот центар „Православна енциклопедија“ за време на видео-мост меѓу грузиски и руски свештенослужители.

„Засега универзитетот е сѐ уште само на хартија, но имаме зграда, ректор и декани на два факултети. Во моментов се подготвуваат програмите. Првиот приемен рок во новата учебна институција ќе биде во јануари следната година за магистерски студии. Приемот на студенти за студиски програми ќе започне од септември наредната година.“

Грузиската Црква денес има 5 духовни семинарии, 2 православни академии и 1 црковен институт.

Извор: Дверибг.нет