Букурешт, панихида за патријархот Теоктист
 
 
 
 
 

Букурешт, панихида за патријархот Теоктист (11.09.2007)

Денес, на 11 септември 2007, после отслужената Света Литургја, во патријаршиската црква во Букурешт, беше отслужена панихида по повод 40 дена од упокојувањето на романскиот патријарх. Панихидата ја отслужи Митрополитот на Молдавија и Буковина и местобљустител на патријаршискиот трон г. Даниел, во сослужение на мноштво епископи од Светиот Синод на Романската Црква, а во присуство на роднините на починатиот патријарх и неколку стотици верници.

Утре, на 12 септември 2007 година, ќе се одржи изборот за нов патријарх на Романската Православна Црква.

 

Извор: www.mmb.ro